Најдобар подготвен јавен говор 2013
PDF Печати Е-пошта

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2013

 

 

ПОДГОТВЕН ЈАВЕН ГОВОР

 

  1. ЦЕЛ

 

Целта на овој натпревар е да им овозможи на учениците  да ги подобрат своите лидерски способности преку учество во активности што придонесуваат за развивање на говорничките способности.

 

  1. ПРАВИЛА

 

-          На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и кои имаат платено платено годишна чланарина .

-          Натпреварот ќе се одржи на македонски и албански јазик. Секое училиште може да номинира само по еден ученик за натпреварот на македонски и еден за натпреварот на албански јазик.

-          Секој учесник на  натпреварот  треба да го испрати својот подготвен говор во електронска форма преку е-маил на одговорниот наставник за овој натпревар.

-          Врз основа на бројот на пријавени учесници, ќе се утврди дали натпреварот ќе се одвива во еден или два круга.

 

  1. ОРГАНИЗАЦИЈА

3.1 Говор

Секој учесник на натпреварот ќе има задача да подготви говор на одредена тема поврзана со соодветната струка за која учи или на некоја актуелна тема што ги засега младите. Говорот треба да биде разбирлив за пошироката публика, јасен, прецизен, едноставен, добро структуриран, да содржи примери и луцидни реченици. Нема да биде дозволено користење на дополнителни технички средства и материјали.

Притоа мора да се достави и список на користената литература за подготвување на говорот. Додека зборува, учесникот ќе може да користи белешки. При користењето на истите мора да внимава да не се наруши ефикасноста на говорот.

 

 

3.2 Временски лимит

 

Говорот не смее да биде пократок од 4 минути ниту подолг од 6 минути. За секое пречекорување на времето ќе се одземаат поени. За мерење на времето ќе се грижи лице назначено од организаторот на натпреварот. Натпреварувачот нема да биде информиран за времето.

 

3.3 Оценување

 

Оценувањето ќе го вршат двајца или тројца судии, кои можат да седат на различни места во просторијата. Финалето можат да го оценуваат и повеќе судии, максимум пет. Секој судија индивидуално ги оценува учесниците. Ќе се оценува содржината и композицијата на подготвениот говор, како и неговата изведба. На крајот ќе има 5 минути за поставување прашања, поврзани со содржината на говорот. Во случај на еднаков број бодови на повеќе натпреварувачи, за победник ќе биде прогласен оној кој има освоено повеќе поени за општ впечаток. Доколку имаат повторно исти бодови, тогаш за победник ќе се смета оној што има освоено повеќе бодови при одговарање на прашањата.

 

 

Прилог: Критериуми за оценување

А. Пишан Говор

Мах. Можни поени

Резултат

Содржина на говорот

- важност

- аргументација

- речник

- користена литература

20

Композиција

- организација на говорот

- структура на реченица

10

Вкупно А:

30

Б. Говорење

Дикција

- артукулација

- нагласување

- модулација

- паузи

10

Сценски настап

- појавување

- говор на телото

- сигурност

- самодоверба

10

Моќ на изразување

- течност

- истакнување на фактите

- способност за комуникација

10

Општ впечаток

Колку настапот е:

- интересен

- разбирлив

- убедлив

- предизвикува внимание

20

Одговори на прашања

- познавање на материјата

- способност за брзо размислување

10

ВкупноБ:

70

 

ВКУПНО:

100

 

 

НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати.