Најдобра Фотографија 2013
PDF Печати Е-пошта

 ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2013

НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРA ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА

ЕКОЛОГИЈА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

 

  1. 1. ЦЕЛ

 

Целта на организирањето на овој натпревар е развивањето на вештини и знаења кај учениците за изработка на фотографија. Истовремено учениците добиваат шанса на креативен начин да ги изразат своите идеи во врска со темите за подигнување на свеста за неопходноста од практикување на екологијата, зачувување на животната средина и потребата од одржлив развој.

 

  1. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

 

-          На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија – МАССУМ.

-          Секое училиште може да номинира најмногу 15 фотографии за учество на овој натпревар. Еден ист ученик има право да се појави како автор на најмногу 2 фотографии. Секое училиште треба да направи предквалификации на најдобрите фотографии доколку вкупниот број на фотографии го надмине бројот 15. Краен рок за пријавување на учесниците е 01 март 2013 година.

-          Фотографиите можат да бидат во колор или црно бели, во електронска или аналогна форма. Доколку се во дигитална форма мораат да бидат испорачани во .JPEG (.JPEG, .JPG) формат и да не се помали од 1600h1200. Доколку се во аналогна форма димензиите на фотографиите е пожелно да бидат испорачани со големина 16 см.х12см. или поголеми.

-          Фотографиите во аналогна или електронска форма на ЦД треба да бидат доставени по пошта на адреса:

 

Македонија Експорт, Ул. Црвена вода 8/14 1000 Скопје

-          Сите пријавени фотографии ќе бидат прегледани од страна на стручна комисија која ќе изврши прелиминарна селекција.

-          Комисијата ќе го достави прелиминарниот список од десет избрани најдобри апликации и ќе ги извести апликантите најмалку една недела пред Образовното рандеву. Натпреварувачите (барем двајца доколку е трудот резултат на тимска работа) на денот на одржувањето на Образовното рандеву ќе имаат обврска да се појават пред комисијата  да ги бранат трудовите.

Потоа ќе се рангираат и прогласат најдобрите.

 

 

НАПОМЕНА: имињата на учесниците за сите натпревари, вклучувајќи го и овој натпревар, се пријавуваат во апликацискиот формулар кој секое училиште треба да го испрати

 

  1. ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ

 

Сите пријавени фотографии ќе бидат прегледани и оценети од страна на стручна комисија. Избраните фотографии ќе бидат јавно прикажани на изложбата која ке се одржи во рамките на Массум натпреварите и на веб страната на Массум.

 

4. ОЦЕНУВАЊЕ

 

Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.

 

Прилог: Критериуми за оценување

Мах. можни поени

Резултат

Идеја

-          концепт

-          привлекува внимание

-          автентичност на простор и ликови (ако се работи за документарна фотографија)

-          поента

60

Дизајн

-          композиција

-          колор или игра на светло/сенки

30

Технички квалитет

 

10

Одбрана

20

Вкупно:

120