Најдобар филм 2013
PDF Печати Е-пошта

 

НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА ТЕМА

ЕКОЛОГИЈА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

 

  1. 1. ЦЕЛ

 

Целта на организирањето на овој натпревар е развивање на знаења и вештини кај учениците за изработка на краток филм. Истовремено учениците добиваат шенса на креативен начин да ги изразат своите идеи во врска со темите кои ги преокупираат за подигнување на свеста за неопходноста од практикување на екологијата, зачувување на животната средина и потребата од одржлив развој.

 

  1. 2. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

 

-          На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија – МАССУМ.

-          Секое училиште може да номинира најмногу 5 кратки филмови за учество во овој натпревар. Филмот може да биде авторско дело на еден ученик или на група ученици, но еден ист ученик не може да се појави како автор на 2 или повеќе филмови. Краен рок на пријавување на филмовите на натпреварот е 05. Април 2012 година.

-          Филмовите не смеат да бидат подолги од 10 минути. Предност ќе имаат филмовите кои ќе бидат во траење од 1 до 5 минути.

-          При пријавувањето авторите на секој филм мораат да неведат во која категорија спаѓа нивниот филм: ФИКЦИЈА, ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН или ДОКУМЕНТАРЕН.

-           Филмовите можат да бидат снимени во било кој дигитален формат, но мораат да бидат испорачани во формат: Filmovite mo`at da bidat snimeni vo bilo koj digitalen format, no moraat da bidat ispora~ani vo format: .avi. mpeg2 .mpeg4 или .wmv. Аудио записот во филмовите може да биде на македонски, англиски или албански јазик.

-          Филмовите во електронска форма на ЦД или ДВД треба да бидат доставени по пошта на адреса

Македонија Експорт, Ул. Црвена вода 8/14 1000 Скопје најдоцна до 05 април 2012 godina.

-          Сите пријавени филмови ќе бидат прегледани од страна на жири комисија која ќе изврши прелиминарна селекција.

-          Комисијата ќе го достави прелиминарниот список од десет најдобри апликации и ќе ги извести апликантите најмалку една недела пред Образовното рандеву. Натпреварувачите (барем двајца, доколку е филмот резултат) на денот на одржувањето на Образовното рандеву Ќе имаат обврска да се појават пред комисијата и да ги бранат трудовите.

-          Потоа ќе се рангираат и прогласат најдобрите.

 

НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натпревари, вклучувајќи го и овој натпревар се пријавуваат во апликацискиот формулар во апликацискиот формулар кој секое училиште  треба да го испрати.

 

  1. 3. ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ

 

Сите пријавени ќе бидат прегледани и оценети од стручна комисија. Најдобрите филмови ќе бидат јавно прикажани на филмскиот фестивал кој ќе се одржи доколку организаторот е во состојба да обезбеди услови.

 

  1. 4. ОЦЕНУВАЊЕ

 

Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.

 

 

Прилог: Критериуми за оценување

Мах. можни поени

Резултат

Приказна

-          идеја

-          привлекува внимание

-          разбирливост

-          актуелност

-          автентичност на простор (каде се случува)

-          автентичност на ликови

50

Дизајн

-          композиција на кадрите

-          прецизност на кадрите (сеедно дали подвижни или статични)

-          визуелни детали

-          монтажа (слика и звук)

35

Технички квалитет

-          квалитет на слика

-          квалитет на звук

15

Одбрана

20

Вкупно:

120