Најдобар бенд и соло изведувач 2013
PDF Печати Е-пошта

 

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2013

НАЈДОБАР БЕНД И СОЛО ИЗВЕДУВАЧ

 

  1. 1. ЦЕЛ

 

Целта на организирањето на овој натпревар е развивањето на вештини и знаења кај учениците за музиката и музичката култура воопшто. Истовремено учениците добиваат шанса на креативен начин да ги изразат своите идеи во врска со темите што ги преокупираат и евентуално да препознаат во себе афинитет за понатамошно усовршување во оваа област.

 

  1. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

 

-          На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија – МАССУМ.

-          Секое училиште моше да номинира бенд со 2 до 5 ученика за учество во овој натпревар и најмногу 3 соло изведувачи во стиловите R’n’B (аренби)  стил, Xипхоп –стил, Beat Box, рок и поп стил. Еден ист бенд, односно соло изведувач може да се појави како автор на најмногу 3 авторски композиции.

-          Краен рок за пријавување на учесниците е 01 март 2013 година.

-          Музичката опрема за презентирање на своите нумери учесниците сами ги обезбедуваат. Организаторот обезбедува просторија, соответна бина и разглас.

-          Сите пријавени учесници ќе бидат прегледани од страна на стручна комисија која ќе изврши прелиминарна селекција.

-          Апликациите треба да се достават до одговорниот ментор

 

 

 

НАПОМЕНА: имињата на учесниците за сите натпревари, вклучувајќи го и овој натпревар, се пријавуваат во апликацискиот формулар кој секое училиште треба да го испрати.

 

  1. ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ

 

Сите пријавени бендови и соло изведувачи ќе настапат и ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија. Избраните бендови и соло изведувачи ќе бидат јавно истакнати на веб страната на Массум.

 

4. ОЦЕНУВАЊЕ

 

Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.

 

Прилог: Критериуми за оценување

Мах. можни поени

Резултат

Идеја

-          концепт

-          привлекување на внимание, автентичност на музиката и аражманот

-          поента

60

Настап

-          Динамика (изведба)

-          Контакт со публика

-          Визуелен ефект

40

 

 

Вкупно:

100