Најдобра web страна 2013
PDF Печати Е-пошта

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2013

НАЈДОБРА WEB СТРАНА

1. ЦЕЛ

Целта на овој натпревар е промоција на училиштето и развивање на вештини и знаења кај учениците за дизајнирање и изработка на web страни

 

  1. 2. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина.

Секое училиште може да номинира тим од најмногу 4 ученика за учество во овој натпревар.

Секој тим на ученици кој ќе учествува на натпреварот треба да изработи веб страна која освен генералните информации за училиштето, струките и профилите кои ги има во училиштето, треба да ги покаже и промовира и сите активности кои се реализираат во училиштето. На пример: проекти, училишни компании, центри за кариера итн. Училиштата на овој натпревар можат да учествуваат и со изработена веб страна на локална младинска организација на МАССУМ.

Секое училиште треба по е-маил до одговорната личност на овој натпревар да ја достави WEB адресата на која е поставена страната.  Училиштето треба само да си обезбеди простор каде ќе ја постави страната (доколку досега нема веќе обезбедено).

Комисијата ќе го достави прелиминарниот список од десет избрани најдобри апликации и ќе ги извести апликантите најмалку една недела пред Образовното рандеву. Натпреварувачите (барем двајца доколку е веб страната резултат на тимска работа) на денот на одржувањето на Образовното рандеву ќе имаат обврска да се појават пред комисијата  да ги бранат трудовите. Потоа ќе се рангираат и прогласат најдобрите.

. ОЦЕНУВАЊЕ

Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.

Прилог: Критериуми за оценување


Мах. Можни поени

Резултат

Функционалност

-   навигација

-   линкови

15


Дизајн

-   графика

-   естетика

-   хармонија на бои и букви

-   интегративност

30


Содржина

-   квалитет

-   одговара на производот/услугата која се промовира

-   јазичен израз, правопис

-   повеќејазичност (пр. македонски, англиски, албански итн.)

25


Оригиналност

-   напредни решенија

-   технологија (софтвер кој се користи)

20


Ефективност/професионализам

-   контакт информации

-   авторство

-   навремено обновување на информациите

10


Вкупно:

100


НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати.