Најдобар Постер 2013
PDF Печати Е-пошта

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2013

 

НАЈДОБАР ПОСТЕР

НА ТЕМА ЕКОЛОГИЈА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

  1. 1. ЦЕЛ

 

Целта на организирањето на овој натпревар е развивање на вештини и знаења кај учениците за дизајнирање и изработка на постер како и подигнување на свеста за неопходноста од практикување на екологијата, зачувување на животната средина и потребата од одржлив развој.

 

  1. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

 

-          На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина.

-          Секое училиште може да номинира тим од најмногу 4 ученика за учество во овој натпревар.

-          Секој тим на ученици кој ќе учествува на натпреварот треба да изработи постер со големина на А4 формат. Доколку на постерот има некаков текст истиот може да биде напишан на македонски, англиски или албански јазик.

-          Постерот во електронска форма на CD или DVD треба да биде доставен по пошта на адреса на одговорниот наставник

-          Комисијата ќе го достави прелиминарниот список од десет избрани најдобри апликации и ќе ги извести апликантите најмалку една недела пред Образовното рандеву. Натпреварувачите (барем двајца доколку е постерот резултат на тимска работа) на денот на одржувањето на Образовното рандеву ќе имаат обврска да се појават пред комисијата  да ги бранат трудовите.

Потоа ќе се рангираат и прогласат најдобрите.

 

 

3. ОЦЕНУВАЊЕ

 

Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.

 

Прилог: Критериуми за оценување

Мах. Можни поени

Резултат

Дизајн

-          графика

-          естетика

-          хармонија на бои и букви

-          интегративност

30

Соодветност

-          одговара на производот/услугата која се промовира

-          одговара на целната група

20

Ефективност/корисност

-          јасна порака

-          вклученост на главните к-ки на производот/услугата

 

30

Оригиналност

-          Иновативност

-          Напредни решенија

 

20

Одбрана

20

Вкупно В:

120

 

НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати.