Интервју за работа 2013
PDF Печати Е-пошта

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2013

ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА

  1. ЦЕЛ

Целта на овој натпревар е развивање, практицирање и демонстрирање на вештини кои треба да се поседуваат  при активно барање работа. Секој дел од овој натпревар симулира реална ситуација што сите работодавци ја практикуваат при вработување нови кадри.

 

  1. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

 

-          На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина.

-          Натпреварот ќе се одвива на македонски и албански јазик

-          Секое училиште може да номинира само по еден ученик ( за секој јазик) кој ќе учествува на натпреварот ;

-          Секој учесник на натпреварот треба да поднесе Насловно писмо (Cover Letter), професионална биографија-CV и три препораки (references) кои можат да бидат од професор, од директорот или од некоја компанија во која ученикот има обавувано практична (феријална) работа или волонтирано. Истите мора да ги рефлектираат нивните моментални вештини, знаења и способности и мора да одговараат на работното место за кое аплицираат.

-          Учесниците на натпреварот можат да аплицираат за работни места кои одговараат на  степенот на образование и струката која ученикот ја изучува (пример: за економска струка: деловен секретар, сметководител или сл, за електротехничка струка: сервисер на компјутерска опрема, сервисер на електронски апарати или сл.).

-          Насловното писмо (Cover Letter) и професионалната биографија-CV со соодветна назнака на работното место за кое аплицираат , треба да бидат пополнети на македонски или албански во зависност од тоа на кој натпревар ќе учествува ученикот и пратени по е-маил.

 

-          Препораките учениците треба да ги донесат со себе директно на самиот натпревар

 

 

 

  1. ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ

 

  1. Активности

 

-          Насловно писмо (Cover letter) - макс. 50 поени

  1. 1.    Да биде напишано на А4 формат со големина на букви 12 и отпечатено на бела  хартија;
  2. 2.    Мора да се однесува на некое работно место кое одговара на образованието и струката која ученикот ја изучува. Ученикот може да го наслови писмото до некоја компанија во која реално постои тоа работно место

 

- Професионална биографија CV - макс. 150 поени

  1. 3.    Да биде напишана на А4 формат, и да не биде подолга од две страници;

 

-          Интервју за работа (Job Interview) - макс. 250 поени

 

  • Интервјуто за работа може да биде организирано во два круга доколку бројот на натпреварувачи е помал од 20 или комисијата смета дека е потребно.
  • Судиите претходно ќе ги имаат добиено насловното писмо и професионалната биографија од кандидатите.
  • кандидатите ќе ги оценуваат двајца или тројца судии.

 

 

  1. Оценување

 

Оценувањето на кандидатите ќе биде според однапред утврдени критериумите кои се дадени во прилогот. Секој судија индивидуално ги оценува кандидатите и потоа се собираат поените кои ги дале судиите. Во случај двајца или повеќе кандидати да имаат ист број поени, тогаш предност има кандидатот кој освоил повеќе поени на интервјуто. Доколку повторно резултатот е изедначен тогаш предност има кандидатот кој освоил повеќе поени за професионалната биографија - CV.

Прилог: Критериуми за оценување

 

Насловно писмо (Cover Letter)

Мах. Можни поени

Резултат

Коректен формат-изглед

20

Јасни и читливи реченици

20

Правопис

20

Специфицирана цел во кариерата

20

Соодветни квалификации

20

Вкупно:

100

Професионална биографија (CV-Resume)

Мах. Можни поени

Резултат

Коректен формат -изглед

20

Јасни и читливи реченици

10

Правопис

20

Лични податоци

20

Специфицирана цел во кариерата

10

Образовни квалификации

20

Работно искуство/вештини

30

Посебни активности, признанија, награди

10

Референци

10

Вкупно:

150

 

Интервју за работа (Job interview)

Мах. Можни поени

Резултат

Изглед и учтивост

20

Поздрав и запознавање

10

Говор

-          Вокабулар

-          Дикција

-          Изразување

30

Однесување, персоналитет

-          Сталоженост,спокојност

-          Искреност

-          Темперамент

30

Способност за убедување, импресионирање

-          Самодоверба

-          убедителност

40

Знаење и презентација на способностите

40

Цел во кариерата

- дали кандидатот ги има веќе одредено неговите цели во кариерата

 

30

Генерален впечаток

50

Вкупно:

250

 

 

НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати.