Најдобра Видео Реклама
PDF Печати Е-пошта

НАЈДОБРА ВИДЕО РЕКЛАМА НА ТЕМА

„МОЕТО УЧИЛИШТЕ“

  1. 1. ЦЕЛ

 

Целта на организирањето на овој натпревар е развивање на вештини и знаења кај учениците за дизајнирање и изработка на видео реклама.

 

  1. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

 

-   На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина.

-   Секое училиште може да номинира тим од најмногу 4 ученика за учество во овој натпревар.

-   Секој тим на ученици кој ќе учествува на натпреварот треба да изработи видео реклама на тема ,,Моето Училиште,, која не смее да биде подолга од  1,5 минута. За секоја секунда пречекорување на времето, ќе се одзема по еден поен.

Видео рекламата треба да биде изработена во еден од следниве формати: .avi, .mpg, .wmv, .mpeg

Аудио записот во рекламата може да биде на македонски,  англиски или албански јазик.

-   Видео рекламата во електронска форма на CD или DVD треба да биде доставена по пошта на адреса на одговорниот наставник

-   Трудовите во електронска форма на ЦД или ДВД треба да бидат доставени по пошта на адреса

-   Македонија Експорт, Ул. Црвена вода 8/14 1000 Скопје најдоцна до 05 април 2012 godina

-   Комисијата ќе го достави прелиминарниот список од десет избрани најдобри апликации и ќе ги извести апликантите најмалку една недела пред Образовното рандеву. Натпреварувачите (барем двајца доколку е видео рекламата резултат на тимска работа) на денот на одржувањето на Образовното рандеву ќе имаат обврска да се појават пред комисијата  да ги бранат трудовите.

Потоа ќе се рангираат и прогласат најдобрите.

 

 

3. ОЦЕНУВАЊЕ

 

Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.

 

 

Прилог: Критериуми за оценување

Мах. Можни поени

Резултат

Креативност

-   оригиналност

-   впечатливост

35

Дизајн

-   композиција на детали

-   синхронизираност на говор и слика

-   континуираност

30

Соодветност

-   одговара на целната група

-   одговара на производот/услугата која се промовира

25

Ефективност/корисност

-   јасна порака

-   вклученост на главните к-ки на производот/услугата

10

Одбрана

20

Вкупно:

120

 

НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати.

 

Одговорен Ментор:

Славица Милева Ефтимова

075-320-860

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите