Најдобар Филм
PDF Печати Е-пошта

НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ

 1.         ЦЕЛ


Целта на организирањето на овој натпревар е развивање на вештини и знаења кај учениците за изработка на краток филм. Истовремено учениците добиваат шанса на креативен начин да ги изразат своите идеи во врска со темите што ги преокупираат, и евентуално да препознаат во себе афинитет за понатамошно усовршување во оваа област.


2.         ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ


-           На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ.

-           Секое училиште може да номинира најмногу 5 кратки филмови за учество во овој натпревар. Филмот може да биде авторско дело на еден ученик или на група ученици, но еден ист ученик нема право да се појави како автор во 2 или повеќе филмови. Краен рок на пријавување на филмовите на натпреварот е 05 октомври 2011 година

-           Филмовите не смеат да бидат подолги од 10 минути. Предност ќе имаат филмовите кои ќе бидат во траење од 1 до 5 минути.

-           При пријавувањето, авторите на секој филм мораат да наведат во која категорија спаѓа нивниот филм: ФИКЦИЈА, ДОКУМЕНТАРЕЦ или ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН.

-           Филмовите можат да бидат снимени во било кој дигитален формат, но мораат да бидат испорачани во формат: .ави .мпег2 .мпег4 или .њмв. Аудио записот во филмовите може да биде на македонски, англиски или албански јазик.

-           Филмовите во електронска форма на ЦД или ДВД треба да биде доставена по пошта на адреса Македонија Експорт, Васил Стефановски 8/1, 1000 Скопје најдоцна до 05 октомври 2011 година.

-           Сите пријавени филмови ќе бидат прегледани од страна на жири комисија која ќе изврши прелиминарна селекција.



НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, се пријавуваат во апликацискиот формулар кој секое училиште треба да го испрати.
 

3.         ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ


Сите пријавени филмови ќе бидат прегледани и оценети од страна на стручна комисија.  Најдобрите филмови ќе бидат јавно прикажани на филмскиот фестивал кој ќе се одржи во рамките на МАССУМ натпреварите во Прилеп.


4.     ОЦЕНУВАЊЕ


Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.



Прилог: Критериуми за оценување


Мах. Можни поени

Резултат

Приказна

-           идеја

-           привлекува внимание

-           разбирливост

-           актуелност

-           автентичност на простор (каде се случува)

-           автентичност на ликови

50

Дизајн

-           композиција на кадрите

-           прецизност на кадрите (сеедно дали подвижни или статични)

-           визуелни детали

-           монтажа (слика и звук)

35

Технички квалитет

-           квалитет на слика

-           квалитет на звук

15



Вкупно:

100