Најдобар бенд и соло изведувач
PDF Печати Е-пошта

НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР БЕНД И СОЛО ИЗВЕДУВАЧ

Агенда на натпревар

  1. 1. ЦЕЛ


Целта на организирањето на овој натпревар е развивањето на вештини и знаења кај учениците за музиката и музичката култура воопшто. Истовремено учениците добиваат шанса на креативен начин да ги изразат своите идеи во врска со темите што ги преокупираат и евентуално да препознаат во себе афинитет за понатамошно усовршување во оваа област.


  1. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ


-   На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија – МАССУМ.

-   Секое училиште моше да номинира бенд со 2 до 5 ученика за учество во овој натпревар и најмногу 3 соло изведувачи во стиловите R’n’B (аренби)  стил, Xипхоп –стил, Beat Box, рок и поп стил. Еден ист бенд, односно соло изведувач може да се појави како автор на најмногу 3 авторски композиции. Краен рок за пријавување на учесниците е 05 октомври 2011 година.

-   Музичката опрема за презентирање на своите нумери учесниците сами ги обезбедуваат. Организаторот обезбедува просторија, соответна бина и разглас.

-   Сите пријавени учесници ќе бидат прегледани од страна на стручна комисија која ќе изврши прелиминарна селекција.

-   Апликациите треба да се достават до одговорниот ментор




НАПОМЕНА: имињата на учесниците за сите натпревари, вклучувајќи го и овој натпревар, се пријавуваат во апликацискиот формулар кој секое училиште треба да го испрати.


  1. ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ


Сите пријавени бендови и соло изведувачи ќе настапат и ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија. Избраните бендови и соло изведувачи ќе бидат јавно истакнати на веб страната на Массум.


4. ОЦЕНУВАЊЕ


Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.


Прилог: Критериуми за оценување

Мах. можни поени

Резултат

Идеја

-   концепт

-   привлекување на внимание, автентичност на музиката и аражманот

-   поента

60

Настап

-   Динамика (изведба)

-   Контакт со публика

-   Визуелен ефект

40



Вкупно:

100