Најдобра Фотографија
PDF Печати Е-пошта

НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРA ФОТОГРАФИЈА


  1. 1. ЦЕЛ


Целта на организирањето на овој натпревар е развивањето на вештини и знаења кај учениците за изработка на фотографија. Истовремено учениците добиваат шанса на креативен начин да ги изразат своите идеи во врска со темите што ги преокупираат и евентуално да препознаат во себе афинитет за понатамошно усовршување во оваа област.


  1. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ


-   На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија – МАССУМ.

-   Секое училиште може да номинира најмногу 15 фотографии за учество на овој натпревар. Еден ист ученик има право да се појави како автор на најмногу 2 фотографии. Секое училиште треба да направи предквалификации на најдобрите фотографии доколку вкупниот број на фотографии го надмине бројот 15. Краен рок за пријавување на учесниците е 05 октомври 2011 година.

-   Фотографиите можат да бидат во колор или црно бели, во електронска или аналогна форма. Доколку се во дигитална форма мораат да бидат испорачани во .JPEG (.JPEG, .JPG) формат и да не се помали од 1600h1200. Доколку се во аналогна форма димензиите на фотографиите е пожелно да бидат испорачани со големина 16 см.х12см. или поголеми.

-   Фотографиите во аналогна или електронска форма на ЦД треба да бидат доставени по пошта на адреса:


Македонија Експорт, Васил Стефковски 8/1, 1000 Скопје најдоцна до 05 октомври 2011 година.


-   Сите пријавени фотографии ќе бидат прегледани од страна на стручна комисија која ќе изврши прелиминарна селекција.



НАПОМЕНА: имињата на учесниците за сите натпревари, вклучувајќи го и овој натпревар, се пријавуваат во апликацискиот формулар кој секое училиште треба да го испрати

  1. ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ


Сите пријавени фотографии ќе бидат прегледани и оценети од страна на стручна комисија. Избраните фотографии ќе бидат јавно прикажани на изложбата која ке се одржи во рамките на Массум натпреварите во Гостивар и на веб страната на Массум.


4. ОЦЕНУВАЊЕ


Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.


Прилог: Критериуми за оценување

Мах. можни поени

Резултат

Идеја

-   концепт

-   привлекува внимание

-   автентичност на простор и ликови (ако се работи за документарна фотографија)

-   поента

60

Дизајн

-   композиција

-   колор или игра на светло/сенки

30

Технички квалитет


10



Вкупно:

100