Партнери
НАЈДОБРА WEB СТРАНА
Целта на овој натпревар е промоција на училиштето и развивање на вештини и знаења кај учениците за дизајнирање и изработка на web страни
- На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина. - Секое училиште може да номинира тим од најмногу 4 ученика за учество во овој натпревар. - Секој тим на ученици кој ќе учествува на натпреварот треба да изработи веб страна која освен генералните информации за училиштето, струките и профилите кои ги има во училиштето, треба да ги покаже и промовира и сите активности кои се реализираат во училиштето. На пример: проекти, училишни компании, центри за кариера итн. Училиштата на овој натпревар можат да учествуваат и со изработена веб страна на локална младинска организација на МАССУМ. - Секое училиште треба по е-маил до одговорната личност на овој натпревар да ја достави WEB адресата на која е поставена страната. Училиштето треба само да си обезбеди простор каде ќе ја постави страната (доколку досега нема веќе обезбедено).
3. ОЦЕНУВАЊЕ Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот. Прилог: Критериуми за оценување
НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати. |