Најдобар Постер
PDF Печати Е-пошта

НАЈДОБАР ПОСТЕР


  1. 1. ЦЕЛ


Целта на организирањето на овој натпревар е развивање на вештини и знаења кај учениците за дизајнирање и изработка на постер.


  1. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ


-   На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина.

-   Секое училиште може да номинира тим од најмногу 4 ученика за учество во овој натпревар.

-   Секој тим на ученици кој ќе учествува на натпреварот треба да изработи постер со големина на А4 формат. Доколку на постерот има некаков текст истиот може да биде напишан на македонски, англиски или албански јазик.

-   Постерот во електронска форма на CD или DVD треба да биде доставен по пошта на адреса на одговорниот наставник



3. ОЦЕНУВАЊЕ


Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.


Прилог: Критериуми за оценување

Мах. Можни поени

Резултат

Дизајн

-   графика

-   естетика

-   хармонија на бои и букви

-   интегративност

30

Соодветност

-   одговара на производот/услугата која се промовира

-   одговара на целната група

20

Ефективност/корисност

-   јасна порака

-   вклученост на главните к-ки на производот/услугата


30

Оригиналност

-   Иновативност

-   Напредни решенија


20

Вкупно В:

100


НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати.