Партнери
1. ЦЕЛ
Целта на овој натпревар е да им овозможи на учениците да ги подобрат своите лидерски способности преку учество во активности што придонесуваат за развивање на говорничките способности. 2. ПРАВИЛА
3.1 Говор Секој учесник на натпреварот ќе има задача да подготви говор на одредена тема поврзана со соодветната струка за која учи. Говорот треба да биде разбирлив за пошироката публика, јасен, прецизен, едноставен, добро структуриран, да содржи примери и луцидни реченици. Нема да биде дозволено користење на дополнителни технички средства и материјали. Притоа мора да се достави и список на користената литература за подготвување на говорот. Додека зборува, учесникот ќе може да користи белешки. При користењето на истите мора да внимава да не се наруши ефикасноста на говорот. 3.2 Временски лимит Говорот не смее да биде пократок од 4 минути ниту подолг од 6 минути. За секое пречекорување на времето ќе се одземаат поени. За мерење на времето ќе се грижи лице назначено од организаторот на натпреварот. Натпреварувачот нема да биде информиран за времето. 3.3 Оценување Оценувањето ќе го вршат двајца или тројца судии, кои можат да седат на различни места во просторијата. Финалето можат да го оценуваат и повеќе судии, максимум пет. Секој судија индивидуално ги оценува учесниците. Ќе се оценува содржината и композицијата на подготвениот говор, како и неговата изведба. На крајот ќе има 5 минути за поставување прашања, поврзани со содржината на говорот. Во случај на еднаков број бодови на повеќе натпреварувачи, за победник ќе биде прогласен оној кој има освоено повеќе поени за општ впечаток. Доколку имаат повторно исти бодови, тогаш за победник ќе се смета оној што има освоено повеќе бодови при одговарање на прашањата. 3.4 Награди Наградите ќе бидат доделени на посебна церемонија. Истите ќе бидат обезбедени од спонзори и од МАССУМ. Прилог: Критериуми за оценување
НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати. Одговорниот наставник за соодветниот натпревар и рокот на пријавување ќе биде накнадно објавен. |