Најдобра veb strana
PDF Печати Е-пошта
1. ЦЕЛ
Целта на овој натпревар е промоција на училиштето и развивање на вештини и знаења кај учениците за дизајнирање и изработка на web страни.

2. ПРАВИЛА
  • На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина.
  • Секое училиште може да номинира тим од најмногу 4 ученика за учество во овој натпревар.
  • Секој тим на ученици кој ќе учествува на натпреварот треба да изработи веб страна која освен генералните информации за училиштето, струките и профилите кои ги има во училиштето, треба да ги покаже и промовира и сите активности кои се реализираат во училиштето. На пример: проекти, училишни компании, центри за кариера итн.
  • Училиштата на овој натпревар можат да учествуваат и со изработена веб страна на локална младинска организација на МАССУМ, но притоа треба да ја користат Office Live Small Business Website како бесплатна алатка која ја нуди Microsoft и која овозможува користење на готови алатки и ресурси за дизајнирање и изработка на веб страни. Линкови од кој може да се симне оваа алатка и да се најдат упатства како истата се користи:
    http://smallbusiness.officelive.com/free-business-website
    http://ask.officelive.com/smallbusiness/wiki/articles/explore-web-site-features.aspx

    Video tutorials on:
    http://communityclips.officelabs.com
    http://www.videojug.com/user/tkimber
    http://www.youtube.com/edu
  • Секое училиште треба по е-маил до одговорната личност на овој натпревар да ја достави WEB адресата на која е поставена страната. Училиштето треба само да си обезбеди простор каде ќе ја постави страната (доколку досега нема веќе обезбедено).
3. ОРГАНИЗАЦИЈА
Овој натпревар МАССУМ го организира во соработка со Microsoft Partners in Learning програмата и УСАИД ПЕП проектот. Оценување на изработените веб страни од страна на судиите, ќе се одржи пред Образовното Рандеву 2009, а резултатите ќе бидат објавени на посебна церемонија во текот на Образовното Рандеву 2009.

4. Оценување

Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот. Победникот на натпреварот ќе има можност да ја промовира веб страната на штандот на Microsoft Partners in Learning

5. Награди

Наградите ќе бидат доделени на посебна церемонија и ќе бидат обезбедени од Microsoft Partners in Learning програмата и од МАССУМ.
Сите учесници на овој натпревар ќе добијат сертификат од Microsoft Partners in Learning програмата

Прилог: Критериуми за оценување

  Мах. Можни поени Резултат
Функционалност
  • навигација
  • линкови
15  
Дизајн
  • графика
  • естетика
  • хармонија на бои и букви
  • интегративност
30  
Содржина
  • квалитет
  • одговара на производот/услугата која се промовира
  • јазичен израз, правопис
  • повеќејазичност (пр. македонски, англиски, албански итн.)
25  
Оригиналност
  • напредни решенија
  • технологија (софтвер кој се користи)
20  
Ефективност/професионализам
  • контакт информации
  • авторство
  • навремено обновување на информациите
10  
Вкупно: 100  


НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати. Одговорниот наставник за соодветниот натпревар и рокот на пријавување ќе биде накнадно објавен.