Најдобра видео реклама
PDF Печати Е-пошта
1. ЦЕЛ
Целта на организирањето на овој натпревар е развивање на вештини и знаења кај учениците за дизајнирање и изработка на видео реклама.

2. ПРАВИЛА
  • На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина.
  • Секое училиште може да номинира тим од најмногу 4 ученика за учество во овој натпревар.
  • Секој тим на ученици кој ќе учествува на натпреварот треба да изработи видео реклама на тема "Моето Училиште" која не смее да биде подолга од 1,5 минута. За секоја секунда пречекорување на времето, ќе се одзема по еден поен.
  • Видео рекламата треба да биде изработена со користење на софтверскиот пакет Windows Movie Maker. Прирачник за овој софтверски пакет на англиски, македонски или албански, може да се симне од следниве линкови:
    http://www.pep.org.mk/en/wf/ws_mater.html
    http://www.microsoft.com/scg/obrazovanje/pil/materijali/digitalni_filmovi.mspx
    Аудио записот во рекламата може да биде на македонски, англиски или албански јазик.
  • Видео рекламата во електронска форма на CD или DVD треба да биде доставена по пошта на адреса на одговорниот наставник
3. ОРГАНИЗАЦИЈА
Овој натпревар МАССУМ го организира во соработка со Microsoft Partners in Learning програмата и УСАИД ПЕП проектот. Оценување на изработените видео раклами од страна на судиите, ќе се одржи пред Образовното Рандеву 2009, а резултатите ќе бидат објавени на посебна церемонија во текот на Образовното Рандеву 2009.

4. Оценување

Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот. Победникот на натпреварот ќе има можност да ја промовира видео рекламата на штандот на Microsoft Partners in Learning

5. Награди

Наградите ќе бидат доделени на посебна церемонија и ќе бидат обезбедени од Microsoft Partners in Learning програмата и од МАССУМ.
Сите учесници на овој натпревар ќе добијат сертификат од Microsoft Partners in Learning програмата

Прилог: Критериуми за оценување

  Мах. Можни поени Резултат
Креативност
  • оригиналност
  • впечатливост
35  
Дизајн
  • композиција на детали
  • синхронизираност на говор и слика
  • континуираност
30  
Соодветност
  • одговара на целната група
  • одговара на производот/услугата која се промовира
25  
Ефективност/корисност
  • јасна порака
  • вклученост на главните к-ки на производот/услугата
10  
Вкупно: 100  


НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати. Одговорниот наставник за соодветниот натпревар и рокот на пријавување ќе биде накнадно објавен.