За нас

Големото влијание кои го имаат лидерските способности за еден млад човек во оставрувањето на успешна кариера, како и важноста на добрата комуникација, способноста на поставување на цели и решавање на проблеми, критичкото размислување, донесувањето на одлуки и преземањето на одговорност, самодовербата и тимската работа, беа причина Проектот на УСАИД за средно образование (Secondary Education Activity Project) да покрене иницијатива за формирање на Младинска Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија-МАССУМ.

Младинска Асоцијација на Средните Стручни училишта во Македонија-МАССУМ, официјално постои од 2006 година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата.

Мисијата на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење.

Цели на МАССУМ:
Кај учениците:
- да се развие свеста за глобалното значење на демократијата и нејзиниот придонес за развој на општеството,
- да се развијат способности / вештини за:
  • комуникација,
  • толеранција,
  • тимска работа,
  • решавање на проблеми,
  • организирање на активности,
  • правилно искористување на ресурси,
  • компетентно и напредно лидерство,
- да се развие чувство на одговорност, самодоверба и доверба во работата и соработниците;
- да учествуваат и постигнуваат успеси во организирани активности (натпревари, настапи, промоции),
- да се промовираат во граѓани со правилен избор на професија и успешна кариера.