Најдобра web страна 2013 |
ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2013 НАЈДОБРА WEB СТРАНА 1. ЦЕЛ Целта на овој натпревар е промоција на училиштето и развивање на вештини и знаења кај учениците за дизајнирање и изработка на web страни
На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина. Секое училиште може да номинира тим од најмногу 4 ученика за учество во овој натпревар. Секој тим на ученици кој ќе учествува на натпреварот треба да изработи веб страна која освен генералните информации за училиштето, струките и профилите кои ги има во училиштето, треба да ги покаже и промовира и сите активности кои се реализираат во училиштето. На пример: проекти, училишни компании, центри за кариера итн. Училиштата на овој натпревар можат да учествуваат и со изработена веб страна на локална младинска организација на МАССУМ. Секое училиште треба по е-маил до одговорната личност на овој натпревар да ја достави WEB адресата на која е поставена страната. Училиштето треба само да си обезбеди простор каде ќе ја постави страната (доколку досега нема веќе обезбедено). Комисијата ќе го достави прелиминарниот список од десет избрани најдобри апликации и ќе ги извести апликантите најмалку една недела пред Образовното рандеву. Натпреварувачите (барем двајца доколку е веб страната резултат на тимска работа) на денот на одржувањето на Образовното рандеву ќе имаат обврска да се појават пред комисијата да ги бранат трудовите. Потоа ќе се рангираат и прогласат најдобрите. . ОЦЕНУВАЊЕ Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот. Прилог: Критериуми за оценување
НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати. |