Образовно рандеву
МАССУМ со поддршка на проектот на УСАИД- Активности во средното образование- СЕА во периодот од 6-8 април 2006 г. на Скопскиот саем за прв пат ја организираше манифестацијата ‘Образовно Рандеву’ на којашто 70-тина средни училишта преку свои штандови ја презентираа работата на нивните училиштата. Во текот на трите саемските денови во двете саемски хали учениците имаа можност преку натпревари, работилници, талент шоу и модна ревија да ги прикажат сите свои знаења, умеења и вештини.
 
            Повеќе од 10.000 ученици од цела Македонија во текот на трите дена го посетија саемот, а околу 1.200 ученици учествуваа во натпреварите за интервју за работа, јавно говорење, најдобар маркетинг и бизнис план, најдобра реална училишна компанија, најдобра веб страна, постер и видео реклама за училиште. Преку 3.000 осмоодделенците од целата земја имаа можност организирано да го посетат саемот за да можат полесно да се одлучат во кое средно училиште ќе го продолжат своето школување.
 
            Сето ова го привлече вниманието на медиумите, Владините институции, индустријата и донаторите, а истовремено се поттикна ентузијазмот кај учениците и наставниците за усовршување на нивните вештини и знаења поврзани со овие активности.
 
            Поттикнати од големиот интерес кај учениците од ваквиот тип на активности каде тие се во можност да ги покажат своите знаења и вештини, МАССУМ  со подршка на УСАИД, Министерството за Образование и Наука и бизнис партнерите, продолжи со реализација на овој голем настан и во 2007, 2008 и 2009 година и Образовното рандеву го претвори во најголем средношколски настан во Р. Македонија.
 
            Овој настан во просек го посетуваат околу 30.000 ученици од средните училишта и околу 5000 ученици од основните училишта, а повеќе од 1200 ученици секоја година учествуваат во голем број на натпревари, работилници и презентации.
 
Фото галерија:
-       Образовно рандеву 2006
-       Образовно рандеву 2007
-       Образовно рандеву 2008