МАССУМ Лидерски камп
PDF Печати Е-пошта
Лидерскиот камп претставува надополнување и заокружување на активностите и резултатите од Образовното рандеву и Массум олипијадата.
Програмата на кампот е дизајнирана така да им овозможи на учениците:
- да се развијат способности / вештини за:
  • комуникација,
  • толеранција,
  • тимска работа,
  • решавање на проблеми,
  • организирање на активности,
  • правилно искористување на ресурси,
  • компетентно и напредно лидерство,
- да развијат чувство на одговорност и самодоверба
- да го разберат глобалното значење на демократијата и нејзиниот придонес во развојот на општеството,
- да ја покажат својата креативност
- да се промовираат во граѓани со правилен избор на професија и успешна кариера
- да се дружат и разменуваат искуства